Би сакал да истакнам пред јавноста дека иако некои злокобници сметаат дека јас намерно не се појавувам во јавноста да го истакнам своето мислење, не е така. Имено, како и секој премиер, граѓанин на оваа држава ги потсетувам сите дека сабота и недела се неработни денови и ги замолувам да не ме бараат за време на неработни денови.
Но сепак, иако како што веќе напоменав деновите се неработни, јас неуморно работам и сум достапен. Еве на пример денеска донесена е нова дигитална вага во домот на Заеви, а на среќата ѝ немаше крај.
Беше радост да се видат сите Заеви собрани на едно место, заедно со останатата фамилија, за кои мораме да напоменеме дека иако дома, сепак сѐ се одвиваше по мерки.
Со трепет како во срцето така и во рацете ја отпакувавме новата вага на која ќе се мерат пораките од вибер кои се состојат од поддршка за министерот Филипче, а ги има многу, верувајте. Би сакал сите да знаат дека вагата освен што е дигитална е и едносмерна, односно, значи... ќе се мерат само поддршките.
Доколку со оваа вага пресметките излезат како што ни одговара им ветувам на граѓаните дека ќе има нов отворен тендер за таканаречените едносмерни ваги па секој може да си премери како што му одговара, рече премиерот Зоран Заев додека од неговиот дом се слушаа криците на среќа поради самата вага.