logo

# Сатира

Ексклузивно интервју со една од козите: Бев да прашам само

насловна слика

Ексклузивно интервју со една од козите, која заедно со своите две пријателки кози, се искачија на кровот на нервното одделение во Струмица. Козата вели дека добро стои со нервите, дека била да праша само, и дека е разочарана од предрасудите на луѓето, кои се шокирани од нејзината постапка, само поради тоа што е коза.

„Немав закажано преглед. Бев да прашам само. Па после се качивме со пријателките на кровот да разгледаме само. Не разбирам зошто се крева толкава фама околу целава работа?! Луѓето имааат предрасуди само поради тоа што сум коза. Не е убаво! - револтирано изјави козата.

Целото интервју со козата можете да го проследите на следниот линк: Интервју со коза.

Коментари


Остави коментар