Родител со реден број __ (дополни сам) Мила Царовска, рано утринава беше забележана како влегува во едно основно училиште.
Нашата сеприсутна екипа со нетрпение ја очекуваше, а моментот кога излезе низ вратата навистина беше празник за нашите очи.
Министерке! Викнавме.
„Да, вчера реков дека родителите треба да бараат таблети во училиштата и веднаш, транспарентно го давам својот пример. И јас сум родител - нема да кажам кој број, нека остане изненадување за читателите и како таква апсолутно го користам своето право на присвојување таблет доделен од страна на државата. Таблети има и ќе има! За многу блиска иднина ќе има толку многу таблети, што освен за учениците ќе се доделуваат и за нивните родители, а до нова година се надеваме да го имплементираме нацрт проектот – таблет за секоја баба! Ете, толку многу таблети има и се доделуваат масовно, јавноста тоа многу добро го знае!“ – рече видно растреперената родител__-министерка и полетно замина да го декодира таблетот.
Остануваме на терен!