logo

# Сатира

ЕКСКЛУЗИВА! Пренесуваме разговор меѓу Питу, Даме и другите!

насловна слика

Праат муабет Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански, Горитемакаедонскишумнопеат...

 

И едниов им вика "Браќа? Шо ќе праиме со турсково ропство?"

 

И другиов му враќа "Турско ропство? Батали тоа, завршена е таа работа, легално сме под нивна власт, смеат што сакаат да ни праат, немаме ништо ние моќ тука..."

 

 

А третиов вика "Брат, ептен замараш со ова. Значи еве, ајде да најдеме некој заеднички договор. Еве, ти не сакаш да си под турско ропство.... они сакаат да ќутиш и да не јадеш многу гомна. Еве, најдете некој договор каде што ти, наместо да бидеш под турско ропство, ќе бидеш под султанско ропство? И ете, готово, магично се е ок. Ќути си, ако сакаш еден ден ќар да видиш, не јади ептен гомна..."

 

-Извадоци од учебникот по предметот "Нешто као демек се дешавале ствари порано, ама не сме биле живи тогаш, така да можда и не се дешавале" од новата програма на Мила Царовска.

Коментари


Остави коментар