По најавата на Министерството за образование и наука (МОН) дека ќе воведе тестови за дрога во средните училишта, поранешен пратеник од македонското Собрание, кој инсистираше да остане анонимен за да не биде обвинуван дека брка политички поени, најави бесплатни часови за сите средношколци кои сакаат да го положат тестот со најдобар успех.
- Ќе дадам се’ од себе да им го пренесам своето искуство и знаење за да направам од нив одлични ученици. Со глава гарантирам дека секој што ќе земе часови кај мене ќе го положи тестот со чиста петка. – рече пратеникот.
За оваа цел, во соработка со МОН ќе биде отворен и специјален вебсајт, на кој покрај тоа што ќе има место за пријавување на кандидатите, ќе можат и да набават најквалитетни материјали за настава.