logo

# Сатира

Екс член на "Шарената Револуција" згрме против владата!!! "ВРАТЕТЕ ГО БИВШИОТ ПРЕМИЕР!!!"

насловна слика

Кој вели дека "Шарената Револуција" се оддалечи од главниот постулат на движењето кој гласеше "Ние сме тука да ја критикуваме секоја влада и ние сме тука да се собереме и да протестираме против нелегални и неуставни работи! Ако има барем еден сиромашен на улица ние ќе се бориме да му е подобро"???

 

Дефинитивно не ние, кои знаеме дека голем дел од членовите на револуцијата се уште се борат против неправдата и се собираат секој ден во шест часот пред собранието на земјава.

 

Еден од најактивните членови на "Шарената револуција" упати мејл кон нашиот сајт, а во истиот се вели дека тој е премногу разочаран од владата!!!

 

"Здраво, Кооперација.

 

Јас бев еден од луѓето кои протестираа како дел од Шарената револуција. Многу луѓе ми велеа дека сум СДСМовец, многу луѓе ме нарекуваа со погрдни зборови и многу луѓе упатуваа сочни пцовки за мене. Многумина велеа дека нема да ја критикувам владата на СДСМ. Но сите тие се грешка!!!

Јас, храбро и не двосмислено можам да кажам:

МОЈОТ ЖИВОТ Е ПОЛОШ ОТКАКО ДОЈДЕ НОВАВА ВЛАДА!!!

 

Повикувам ИТНА смена на оваа, нова влада и враќање на претходната влада.

 

Се надевам дека Ковачевски ќе си даде оставка, а на негово место ќе дојде оној претходниот... мислам...Зоран Заевски се викаше? Горан Заев? Нешто така, не ми текнува, како беше...

 

Мојот живот беше подобар тогаш!!!

 

Нема правда - нема мир!

 

П.С. Ве молам, ако може овој мејл да го објавите анонимно, од приватни причини сакам да останам анонимен.


Би благодарам ако пронајдовте време да го прочитате овој мејл, а моето задоволство ќе биде неизмерно и ако го објавите овој мејл на вашиот сајт.

 

Со почит,

Зоран Заев." 

 

Ете, анонимен господине, го објавивме вашиот мејл, иако во целост не се сложуваме со вас.

 

Ние сметаме дека владата на Ковачевски помага во борбата против стереотипите дека ќелавите луѓе не може да бидат на битни позиции, а неговото владеење особено и ја зголеми самодовербата на мојата сопруга.

 

Сепак, го објавивме овој ваш мејл, анонимен господине.

 

 

 

 

Коментари

Анита

Anonimni od šarena ne priznavame.Vie ste za pravda i mir pa możi javno da organizirate ušte edna šarena,protiv segašnata vlast.Ako vistina ne ste od istata.Poz. i srekni praznici


Остави коментар