logo

# Сатира

Економија: Денес истекува рокот за враќање на К-15 кај газдата

насловна слика

Уште еден ден им останува на газдите да исплатат К-15 и исто толку на вработените во текстилната индустрија да го вратат бонусот назад кај газдите.

Според досегашните информации исплатата и повратот одат во најдобар ред, освен во неколку помали компании во кои газдите доцнат со исплатата, па работниците немаат што да вратат.

Владата ги охрабри сите вработени на кои газдите им доцнат со исплатата на бонусите, тоа да го пријават до надлежните институции, како не би морале да враќаат од своите пари.

Коментари


Остави коментар