logo

# Сатира

ЕКО СВЕСТ! ВЛАДАТА ЌЕ ЈА ЗАПАЛИ ПЛАСТИЧАРСКА!

насловна слика

Одлични вести за сите обожаватели на еколошките потези!

 

Владата најави дека до крајот на годината планира да ја запали "Пластичарска" со цел конечно да ја добие борбата против пластиката!

 

"Пробавме да ја замениме. Наместо Пластичарска да стане Биоразградлива улица. Ама не успеа тој план. И затоа решивме да научиме нешто од историјата. Ќе го направиме тоа што го направи Пиколомини и ќе ја запалиме улицата. И сите што работат на истата. Така се помага со пластиката и пренаселеноста на планетава. Помагаме!!! Ние сме еколошка влада и планираме да направиме се што треба за општеството! Ајде, сеа се брзам, ме чека возачот треба да се повозам да отвориме некоја фабрика" - изјави висок преставник на владата.

Коментари


Остави коментар