Во свет полн со загадување, еко непријателски влади, ѓубре и генерално работи што го уништуваат квалитетот на воздухот и животот, една влада се реши да направи потег што ќе го подобри човештвото!
Една недела после укинувањето на пластичните кеси, владата на нашата земја воведе нова, еколошка мерка што дефинитивно ќе помогне во борбата со климатските промени и загадувањето.
Но, пред се, ќе служи за градење на здрави навики кај луѓето.
"Сметаме дека нема потреба да има избори. Најпаметно е засекогаш да останеме ние на власт. Знаете ли колку дрва треба да страдаат за да се направат листови за гласање? Знаете ли колку се загадува воздухот секогаш кога ќе запалите автомобил за да тргнете до најблиското избирачко место? А што ако по пат решите да јадете пред да гласате? Ќе купите некоја нездрава мрсна храна што ви го уништува метаболизмот. Потоа? Каде ќе ја фрлите опаковката од бургерот, буритото, бурекот или што и да ќе јадете? Каде и да го фрлите... не е биоразградлива опаковката. А што ако недај боже ви залетне храна во грло? Ќе треба да плукнете. А да не зборуваме за тоа што и ќе бидете жедни па ќе се напиете.... од ПЛАСТИЧНО ШИШЕ! И тоа не сте само вие. На секое избирачко место има по десетина луѓе. Знаете ли колку е штетно гласањето за општеството??? Затоа, мора да проработи еколошката свест. За здравите навики! Вечно владеење на нашата партија!" - изјави еден преставник на владата.
Со оваа идеја се сложуваат голем број на интелектуалци, кои велат:
"Ste videle be vie u Evropa kako e? U Amerika? Sto posto ne ste. Ja sum. Mora be da se obrazovame ednas i da se grizime za planetata! Ova e vistinska demokratija! Bravo! Ova ke pomogne! Bitno e da gradime zdravi naviki!!! Zdravite naviki pred se! Ama... iskreno sumnjam deka narodov ke saka da nema izbori i vecno da bidat SDSM, DUI i Alijansa na vlast. Ednostavno zaostanati se. Ne sfakaat ekoloska svest. Toa e, putuj Evropo..."