logo

# Сатира

ЕКО СВЕСТ! СЕ УКИНУВА СТРУЈАТА ЗА ДА СЕ ВРАТИМЕ ВО КАМЕНОТО ДОБА!

насловна слика

На последниот ден од годината ни доаѓаат одлични вести што би требало да го израдуваат секој еко-свесен граѓанин во земјата!
 

Имено, најеколошката влада во историјата на нашата земја, во коалиција со најзелената партија во историјата на нашата земја воведоа брилијантна одлука - можеби најбрилијантна во историјата на нашата земја.

 

За да се спречи константното поскапување на струјата, владата реши дека ќе се укине струјата и нашата земја ќе се врати во каменото доба!

 

Овој еко-свесен потег беше пречекан со пофалби од сите еколошки здруженија на планетава.

 

"Видете, одиме чекор кон чекор. Поскапувањето на кесите беше само старт. Ако нависитина сакаме да го намалиме загадувањето ќе мора да ја прекинеме електричната енергија. Така, го прекинуваме растот на сметките за струја, помагаме на планетата, а воедно сметаме дека граѓаните ќе заштедат повеќе пари. Наместо да плаќаат сметки за струја, ќе имаат повеќе пари заштедено со кои што ќе можат да си ги платат сметките за интернет или телефон. Сметаме дека оваа одлука е предобра и навистина покажуваме колку сме зелени." - изјави министерот за еко свест.

 

Коментари


Остави коментар