logo

# Сатира

ЕКО СВЕСТ! МИНСИТРИТЕ ЌЕ ОДАТ ПЕШКИ НА РАБОТА! БРАВО!!!!

насловна слика

Борбата за подобро утро не запира! Само ден откако пластичните кеси беа заменети со биоразградливи кеси - владата објави деак сите министри ќе одат пешки на работа! Ова би требало да е одличен еколошки чекор кој очекуваме да го следат и владите на соседните ЕУ земји.

 

"Зошто да одиме со скапи автомобили на работа? Знаете ли тие колку го загадуваат воздухот? Зошто да не излеземе пешки? Секако дека живееме повееќто во Скопје, а и имаме неколку станови во близина на владата. Плус, одлична прилика да сретнеме некој гласач по пат, да му ги чуеме маките и да пробаме да му помогнеме. Сметаме сите во владата дека ова е следниот логичен потег посел поскапувањето на пластичните кеси. Дефинитивно тој потег не беше популизам, а со тоа што ќе почнеме да одиме пешки на работа само ја потврдуваме целта за подигање на еколошката свест на граѓаните. Водиме со пример!" - изјави преставник на владата.

 

Што друго да се каже освен "БРАВО! ТАКА ТРЕБА!"

 

Забелешка: Оваа вест е сатирична. Министрите кои имаат неколку автомобили и/или станови нема да одат пешки на работа, а поскапувањето на кесите не им менува ништо. Кур ги боли за екологија или загадување.

 

Забелешка 2: Последната реченица не треба да се сфати сериозно и не сме сигурни дали некој од моменталните министри има болка во пенисот. Се надеваме дека нема. Баба ми кажа "dojdi vamu da te bacam da ti pomine" кога имав температура како мал. Ако некој минситер има таква болка би му препорачале да проба со таков метод или евентуално да го посети својот матичен лекар.

Коментари


Остави коментар