logo

# Сатира

ЕКО СВЕСТ! ЌЕ СЕ ПРОДАДЕ МЕРЦЕДЕСОТ НА ГРУЕВСКИ!

насловна слика

Браво!  Еко свеста на нашите политичари од владата не престанува да изненадува!

 

Откако ја зголемија цената на пластичните кеси, од владата најавуваат нова мерка. Имено, тие ќе го продадат мерцедесот за кој се гони Никола Груевски, а планираат парите да ги вложат во т.н. "зелени" еко цели.


"Би било глупо да го чуваме или пак да го користиме мерцедесот за кој се гони човек со потерница. Ние отсекогаш сме биле про-екологија и никогаш не правиме евтини популиситчки мерки што само ќе го уништат буџетот на сиромашните граѓани. Затоа, ако го најдеме Мерцедесот дефинтиивно ќе го продадеме. Ама тешко да го најдеме дека нели, глупо е да го чуваме автомобилот кој беше дел од голема судска истрага, а уште помалку па да го користиме. Ама ете, ако по некоја случајност го најдеме.. тогаш ќе го искористиме за еколошки цели! Доказ дека екологијата ни е стварно битна!" - кажа некој министер таму, шо ти знам.

Коментари


Остави коментар