logo

# Сатира

ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ - И компјутерите ќе гласаат на следните избори!

насловна слика

На успесите што носат еднаквост изгледа како да им нема крај!

 

Владата најави дека на следните избори ќе можат и компјутерите да гласаат!

 

"Ги обожавам Терминатор филмовите. Пораката на овие филмови е дека треба добро да се однесуваме со технологијата. Затоа, јас прв ќе започнам потег што ќе ја однесе државава кон иднината! И компјутерите ќе може да гласаат! Доста го правевме процесот на гласање комплициран! Од сега и компјутерите ќе може да си гласаат. Затоа, во земја од 2 милион гласови ќе може да се случи победничката партија да има 5 милион гласови, нели, доколку сите компјутери сами од себе, магично, решат да забележат голем број на гласови за една партија. Веруваме дека ова е прогресивен потег и дека општеството ќе биде презадоволно што и роботите ќе имаат исти права како нас, а исто така и компјутерите. Чекор поблиску до избегнување на апокалипсата од Терминатор!" - изјави Стево Пендаровски.

Коментари


Остави коментар