logo

# Сатира

ЕДНАКВОСТ! Во Бугарија ќе се отвори центар "Али Ахмети" !

насловна слика

Ветено - исполнето!

 

Во Бугарија ќе се отвори нашеземјест центар, само неколку месеци откако Владата на Република Македонија Нашата Земја СДСМ најави дека добрососедските односи се императив.

 

Најпрвин, во земјава се отвори културен центар "Ванчо Михајлов", по што премиерот на државава побара нешто слично да се отвори и во Бугарија.

 

И баш како и што сите очекувавме - ветеното стана реално откако владата на Бугарија објави дека во центарот на Софија ќе се отвори кулутрен центар што ќе го носи името на најпознатиот Македонски херој - Али Ахмети.

 

"Да, вистина е. Бугарските националисти можеби нема да бидат задоволни што во центарот на нашиот главен град ќе има културен центар што ќе го носи името на човек што убил илјадници Македонци... ама тоа е, разумен компромис е разумен компромис. Во Битола ќе има центар што ќе го носи името на човекот што е виновен за срмтта на илјадници Македонци, а кај нас пак ќе има центар наречен Али Ахмети. Градиме добри односи! Внатре во центарот ќе пишува за младата историја на Северна Македонија и удделот на најголемиот нивен херој - Али Ахмети." - изјави преставник на Бугарската влада.

 

Браво!!! 

Коментари


Остави коментар