Кој вели дека бунењето на интернет не носи плод?
Откако минатата недела Евровизија беше поплавена со коментари од типот на "A kade befte vaka da pishiite i za Amerika ko go bombardirase Irak???" и "A sto praime so Saudiska Arabija be tie arapite poarni da ne se????" како реакција на бркањето на Русија од Евровизија, денеска доаѓа нова вест.
И официјално, освен Русија, на следното издание на Евровизија со своја песна нама да настапат ни САД, ни Саудиска Арабија.
"Веруваме во еднаквост. Не е фер да ги избркаме Русите поради воената агресија на нивната земја, а да ги трпиме САД и Саудиска Арабија. Затоа, нема да чуете песни од овие три земји. Обожаваме мир. Мразиме војна. Санкции мора да има. Ви благодариме на сите што побаравте еднаквост во нашите санкции откако минатата недела бевме строги кон Русија." - се вели во официјалното соопштение на Евровизија.