Помина една недела откако екс-објективниот, екс-пратеникот, екс-човек што се бори противнационализмот но пред се екс-човек: Павле Богоевски напиша фејсбук статус во кој вели дека ќе ги сруши националистите од позиција на власт.
Сепак, како што може да видите, се уште националистите се на власт, а Павле Богоевски нема помрднато со прст.
Екипата на Кооперација.мк стапи во контакт со него и еве што тој имаше да каже:
"Видете, малце бев возбуден. Не беше пишан статусот при здрав разум. Што повеќе размислував, сфатив дека национализам е супер работа. Грците еве националисти се спрема нас.. и? Имаат помош од ЕУ! Бугарија? Исто! Албанија? Супер национализам фураат, еве зошто да не се обединиме во Голема Албанија? Што? Необединување во Голема Албанија да не ќе ни ги нахрани децата? Еве, зашто да не се преговара со националисти? Зашто да се нема националисти во влада? Зашто да ја рушам ја владата? Нека си поседи.... Седнете и вие, размислете малце, ќе сфатите дека национализмот е супер работа, пошто ако сите така се палевме со анти-националистички пораки, немаше проблемот со Грција ни да го дебатираме, а камо ли решиме. Добро е да се помага на националисти, и ете, еден ден, кога ќе треба да се преговара со други држави за да им се помогне на нивната националистичка агенда, ја сум прв да преговарам со нив. ДА ЖИВЕЕ НАЦИОНАЛИЗМОТ! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА! ДА ЖИВЕЕ СДСМ! ДА ЖИВЕЕ ДУИ! ДА ЖИВЕЕМЕ СИТЕ - ОСВЕН ТИЕ ШТО СЕ БОРАТ ПРОТИВ ОВОЈ НАЦИОНАЛИЗАМ! ШУПАЦИ! Ајде, сеа се брзам, треба нешто у такси да одам."