logo

# Сатира

Един народ, една репрезентација: Бугарите бараат нашите голови да се бројат на нивно конто

насловна слика

Нов амандман на постојниот француски предлог, со кој се предвидува сите постигнати голови на вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија да одат на конто на нашиот источен сосед, испрати попладнево Фудбалската федерација на Бугарија (ФФБ) до своите колеги од ФФМ. 

 

- Историската неправда, да сме поделени во две држави, со две репрезентации, не' чинеше прво место во групата и пласман на ЕУРО. Затоа, за да ја исправиме, вие ќе ни ги дадете сите поени што сте ги освоиле досега, како и головите што ќе ги постигнете вечерва, а ние нема да ве блокираме на патот кон шеснаесетникот. За блокадите на патот кон ЕУ, друг пат ќе правиме муабет. - изјави претседателот на ФФБ.

 

До објавувањето на оваа вест, ФФМ не кажа дали ќе го прифати предлогот на своите бугарски колеги, иако според нашите извори, во случај да биде прифатен, амандманот мора да биде и имплементиран пред почетокот на натпреварот во 20 и 45.

Коментари


Остави коментар