logo

# Сатира

Еди Рама: Секогаш кога реков "Северна Македонија" ги зафркавав за Грците!

насловна слика

Вести од областа на хуморот и сатирата!

 

Премиерот на Албанија објасни дека голем дел од неговите коментари не биле добро сфатени од страна на јавноста, па проба да си ги објасни шегите, бидејќи како што вели тој, шегите се најсмешни кога треба да се објаснат.

 

Па така, Еди Рама денеска кажа дека коментарот "Идна Западна Бугарија" бил шега на сметка на Бугарија и лудите барања на Бугарија кон Македонија, но освен оваа шега тој спомена дека има и уште еден тип на шега кој често го користи, а по некое чудо никој до сега не му ја сфатил поентата на шегата.

 

"А бе, шо знам... Мислев да станам стенд-ап комичар после политиката, ама некако не ми го сфаќаат хуморот. Тоа значи дека или имам ептен интелектуален хумор или ептен глуп. Ќе треба да почнам со некои погенерални шеги за широките маси. Ете, кажав "Идна Западна Бугарија" и никој не сфати дека тоа беше шега на сметка на Бугарија. Сите нешто се побунија и ми бараа влакно во јајце. А да не зборам па за една друга шега што мене ми е пресмешна, а дури никој не се ни побуни за неа. Шегата се вика "Северна Македонија" и ја користам како сарказам и иронија на лудите барања на Грција од Македонија, Шо би се рекло... ги дупчам Грциве секад кога ја користам таа фраза, хааххах, цепки, еј, ти текиња? Хахаха! Сакам таков сатирично-ироничен хумор. Со еднава шега ги исмејувам лудите барања на Бугарија, а со другава шега ги исмејувам лудите барања на Грција. Не знам, мене ми е смешно, ама како што рекле, хуморот е субјективен, не можам да се бунам што не го сфаќаат сите."  - изјави Еди Рама додека чекаше да купи маргарин.

Коментари


Остави коментар