logo

# Сатира

Џо Бајден: Ќе следуваат санкции за секој што нема да има фејсбук рамка за ЕП!!!

насловна слика

Лидерот на една од нациите во светот - Џо Бајден, згрме по македонците!

 

Тој најави дека секој македонец што нема да има фејсбук рамка со поддршка за Македонија на престојното ЕП ќе влезе во т.н. црн список и ќе следуваат сериозни санкции!!!

 

"Како бе тоа, Македонец си, а немаш рамка за ЕП???? Види мајката.... да погодам, не си имал ни за Јавна Соба рамка, а? Ни за Васил на Евровизија немаше рамка, а? Догодина ракомет ќе има...да не планираш и за ракометот да не ставиш рамка??? Бреееј, мислиш ти паметен си, сите ставаат рамки на фејсбук само ти не ставаш?

Обавезно, ставајте рамки, иначе ќе видите, нема да ве пуштам кај мене во Европ..што? Како мислиш ја не сум у Европа бе? А што е Европа? А кој сум ја? А ти? Кој си? Од каде бе дојдовте вие..ајде гитла од тука сите!" - изјави Џо Бајден во интервју со нашиот сајт.

Коментари

LnlLnrjQLqmwFDGp3XGDboiCArGTyQrIaztDLuhA

Не сме сами во изборот на власта


Остави коментар