Иако серијалот за Хари Потер заврши одамна, авторката на книгите Џ.K. Роулинг секој ден открива нови детали што биле планирани да се најдат во франшизата за младиот магионичар, но поради најразлични причини тие не се нашле.
Најновото откритие вели дека негативецот - Волдеморт, требало да ја врати радиодифузната такса, но сепак таа се предомислила за тоа во последен момент.
"Првичен план за Волдеморт беше да направи партија и да ги бутне СДСМ од власт, а потоа и да ја врати радиодифузната такса. Ова беше дел од книгата долго време, ама паблишерот ми кажа дека би било премногу страшно за децата што ќе ја читаат книгата. Затоа морав да ги сменам плановите на Волдеморт. Уште стојам дека најзлобното нешто што може човек да го замисли е свет каде што СДСМ не е на власт. Тоа е вистинско зло. Ама ете, ме натераа да напраавм нешто помалку злобно како убиство и геноцид или што ти знам таму. Криво ми е. Требаше да останам на првичната идеја. Тоа е што е, не можам да го вратам времето, сепак не сум Хермиона во третата книга, хаха... што ме гледаш така бледо, ги немаш читано книгите изгледа,а ? Нема везе..." - изјави госпоѓицата Џk.