Познатиот Бугар - Џамбаски, повторно се крена против пропагандата на Република Северна Македонија и гордо застана во одбрана на својата држава од нападите на фашизоидниот народ што живее во оваа земја.
Имено, тој изјави дека Република Северна Македонија нема право да смета дека "Светот на бајките" има била каква поврзаност со оваа држава!
"Пропаганда. Баш случајно ја слушнав песната. Дури и објаснуваат на мапа каде се наоѓа. Се наоѓало тогаш "кога заоѓа сонцето денот.... што го позлатува. Едно дете сонува во светот... на бајките патува... Таму е толку волшебно...лета сонот на крилест ат." и ДА! Баш вакви беа и паузите во песната!
Па до кога ваква пропаганда бе браќа маке... браќа бугари од соседната земја, бе?!?!?
До кога???
Супер, на бугарски ја пеете песната... ама информацијата не ви е добра.
Бараме господинот Зоран Заев да каже дека Светот на бајките се наоѓа во Република Бугарија и сакаме да има некаков текст во стил на:
Кога заоѓа сонцето денот што го позлатува
Певаљка сонува, во светот на бакшишот патува
Таму е толку волшебно
Пее Азис на златен ат.
И што ти знам таму нешто референци за Република Бугарија ставете, нешто "Мирко Хеи Малкта", Христо Стоичков, Љубчо Георгиевски, Кирил Лазаров и останати познати Бугари ставете, срамота е со ваква песна да се труе мозокот на децата." - изјави Џамбаски.
Од Владата на нашата земја веднаш најавија референдум на кој прашањето ќе биде "Дали сте за влез во ЕУ и НАСА како земја што нема никаква врска со Светот на бајките кој е 100% недвосмислено во посед на Република Македонија."
Амбасадата на САД го поздрави овој потег и вели дека само вака се решаваат вакви решенија.
Али Ахмети вели дека нема проблем со ова и најверојатно ќе гласа ЗА референдумот, бидејќи, како што вели тој "Во светот на бајките нема зелено. Јас се интересирам само за зелено."
Апасиев од Левица вели дека "Светот на бајките" е впрочем песна која на суптилен начин говори за комунизмот исто како и "Imagine" на Џон Ленон.
Христијан Мицкоски се уште нема став за референдумот.
А исто така и за овој, новиов, што го референцираме во текстов.