logo

# Сатира

ЏАМБАСКИ: АВГАНИСТАНЦИ? НЕ! ТОА СЕ ЧИСТОКРВНИ БУГАРИ!!!

насловна слика

Познатиот Бугар - Џамбаски, повторно со контроверзно мислење се најде во медиумите! Имено, тој изјави дека во Македонија вчера не пристигнале бегалци од Авганистан, туку 100% чистокрвни Бугари и дека со ова само се зголемува бројот на Бугари во Македонија!

 

"Што? Авганистанци? Ма ајде ви се молам... видете ги какви се? У фаца им се гледа дека се Бугари! Ова е уште еден пример за тоа како Западна Бугарија пробува да ја менува историјата. Факт е дека овие луѓе се Бугари, а јас искрено сум презадоволен што расте бројот на жители Бугари во нашата соседна, пријателска држава Република Западна Бугарија" - изјави Џамбаски.


За свое мислење го прашавме и нашиот, а и ваш премиер кој немаше свој став освен - "Аууууу Западна Бугарија... да бееее како не ми текна мене ова порано бе! Чек, да свртам пар броеви."

Коментари

SowK40VqnhA7T1iQVZWO3hwbx3J2Hp9F2Y4lOvxk

абре овој уште не е умрен од корона?!!!

kUutDo06gEvHcQSRsmMGPQWi86TVXJjABGM4fNae

вакви ликови ни короната не ги сака…. хахаха


Остави коментар