Ти: "Хахаха, Џафери на светска конференција во борба против тероризмот? Хаха еј, светов не може позабеган да стане!"
2023:
"Христијан Мицкоски на светска конференција на интелигентни харизматични лидери со сериозни ставови!"
"МАСОВНА ПОСВЕТЕНОСТ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА БЕНДОВИ ШТО БИЛЕ ПОПУЛАРНИ ВО МИНАТИОТ ВЕК, СЕ ПЕНЗИОНИРАЛЕ, ИМАЛЕ ПОСЛЕДНА ТУРНЕА И НЕ СЕ ВРАТИЛЕ ПОВТОРНО!"
"Миле Јанакиевски на светска конференција на луѓе што обожаваат слобод, никогаш не го прекршиле затворот и не завршиле во затвор"
"Димитар Апасиев во Вашингтон ќе говори како капитализмот му помага цело време да биде смирен и ишишан"
"НЕКСТ ТАЈМ БЕА ПРЕЧЕКАНИ СО ГРОМОГЛАСЕН АПЛАУЗ НА СОБИРОТ НА ЛУЃЕ ШТО НЕ ЈАВААТ КОЊИ.
"Да не беше во исто време собирот во Вашингтон за ишишани луѓе ќе отидевме и таму, ама вака моравме да одбереме само едно.." - вели господин Tајм"
"НИКОЛА ГРУЕВСКИ - ГЛАВЕН ВО ЗАТВОРОТ!"
"И пазете, никогаш не побарав одмор од затворот како..кхм кхм..некои!" - вели Груевски кој вели дека во затворот се чувствува како дома, редовно си прави муабет со Гордана, јаде смоки од Велија, а како што вели тој во затворот, секој петок има и забавна емисија водена од страна на Боки 13. "Сеа беше Камчев у последнава емисија. У следната е Катица. Цепки е, да не пукне, кај му текиња да ги прашува во секоја емисија кога имале прво сексуално исксутво ахха, цар еј!"
"Личност родена во 21 век на конференција за луѓе што тотално ја сфатија шегата од последниот пасус, тотално го гледале Боки 13 во тој мртвиот термин на полноќ на МТВ во почетоците на кариерата и тотално паметат дека Боки у секоја емисија ги прашуваше за нивното прво сексуално исксутво"
"Павле Богоевски - главен спикер на темата "Како дрогата и политичкото полтронство се лоша работа" ќе ги едуцира децата"
"СИМПАТИЗЕРИ НА ВМРО СО ПРОТЕСТ ЌЕ БАРААТ СЛОБОДА НА ГОВОР И ШАНСА ДА СЕ КРИТИКУВА ВЛАС...ок, добро ова уствари и вистина е некако.......
"Влатко Ѓорчев - главно заштитно лице на Дурекс"
"БРАВО! ЧОВЕК ШТО ПОСЛЕДЕН ПАТ НЕМАЛ ХИТ ВО 1993 ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОВИЗИЈА!"
"Мила Царовска во Македонија на собир на луѓе што се свесни дека не е возможно да се експерти за се и сешто и возможно е да бидат грешка од време на време. Се очекуваат повеќе од два милиони учесници!"
"АЛИ АХМЕТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЧЕСТИТАШЕ НЕЗАВИСНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕШИ ДА СЕ БОРИ ЗА ПРАВАТА, УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТЕ НА ДРЖАВАТА ПРОТИВ НАЦИОНАЛИЗМОТ И ТЕРОРИЗМОТ!"
"Доналд Трамп говорник на новиот универзитет "Орце Камчев" - ќе говори за чесност, сиромаштија и искреност"
"ЗОРАН КИЧЕЕЦ ЌЕ ОТВОРИ СВОЈА АВТОШКОЛА"
"Ѓорге Иванов веќе долги години има своја "Школа за лидери" каде ги учи младите да бидат квалитетен лидер како него!" (хаха, ова тотално нема шанса да се деси ја мислам хаха)
"МАКЕДОНЕЦ ПОЛН СО ОПТИМИЗАМ, ГРИЖА И ЉУБОВ ЌЕ ГОВОРИ ЗА ТОА КАКО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ХЕЈТА СЕ И СЕШТО И СОСЕМА Е ОК ДА НЕ СЕ БИДЕ ОГОРЧЕНО СУШТЕСТВО ШТО МРАЗИ 99.99% ОД РАБОТИТЕ"
"Зоран Заев - премиер на Република Македонија"