Не стивнуваат реакциите после вчерашниот скандал со нашата преставничка на Евровизија.
Сите имаат свое мислење, а секако со свој став мораше да излезе и најголемата партија во земјава - ДУИ.
Од таму, велат дека не им се допаѓа чинот со фрлање на знамето, но велат дека екипата што е пратена на Евровизија направила пропуст. Според ДУИ, требало да се настапи со знамето на УЧК, а не на нашеземјестото знаме.
"Не знам зошто отишле со македонското знаме. И сега се демек изненадени што некој го фрлил знамето? Зошто не отидовте со знаме на УЧК? Имате видено некој да не го почитува знамето на УЧК од 2001 до денес? Немате? Нормално дека немате. Исто ќе беше и ако отидевте на Евровизија со тоа знаме, престсавничката ќе размислеше 5-6 пати што да прави со знамето. И на крај немаше да го фрли. Нормално. Памет, за друг пат на Евровизија само со знаме на УЧК да се настапува!" - изјави преставник на ДУИ.