Владејачката партија ДУИ објави ново ребрендирање само неколку денови откако Владата ја започна својата кампања "Вакцинирај се - за моментите на среќа"
Новото мото на ДУИ ќе биде "ЧЛЕНСКА КНИШКА ОД НАС. ЗА МОМЕНТИТЕ НА СРЕЌА", а од партијата велат дека во време на пандемија најбитно нешто е да бидете безбедни.
"Пандемии. Војни. Несреќа. Нели ви е смачено од негативната енергија насекаде? Затоа, ајде да шириме љубов. Извадете членска книшка од ДУИ. За моментите на среќа. Влезете во секој трговски центар само со прикажување на членската. Фајзер? Не. Модерна? Не. Спутник? Секако дека не. Единственото нешто што ќе ве заштити во оваа глобална пандемија е членската книшка на ДУИ. Придружете се. За моментите на среќа!" - изјави член на ДУИ.