Нов партиски огранок, со седиште во Копенхаген ќе отвори најзелената меѓу зелените и прогресивни партии, ДУИ, со цел на следните парламентарни избори да стане дел од владејачката коалиција во Данска и еднаш, засекогаш да расчисти со Данците кои ги паднаа децата на нивните сопартијци на испитот за контролори за летање.
- Досега сме учествувале на многу скандинавски избори и секогаш сме победувале, па не гледаме зошто и овој пат да не биде така. А ако не биде, и во Данска има планини, можда не колку кај нас, ама доволно за да почнеме да се бориме за права. Доста беше молк! – рекоа од ДУИ.
За сега партијата не кажува кој функционер ќе биде претседател на нивното претставништво во Данска, но според шпекулациите, тоа ќе биде докажан прогресивец со екстензивно изборно искуство, кој во животот попречил најмалку 3 изборни циклуси.