Од најзелените помеѓу зелените - ДУИ, дојде соопштение за пожарите ширум републиката!
Имено, ДУИ велат дека не чувствуваат потреба да коментираат за пожарите низ државата бидејќи се зелена партија.
"Здраво. Не знаеме зошто барате наш став за пожарите низ државата. Ние веќе сме ребрендирани. Ви рековме дека сме зелена партија. Прашувајте не' само за зелени работи. Пожарот е... црвено-жолт. Не е зелен. За пожарот треба да си кажат црвените партии - СДСМ, Левица, Интегра, ДПМНЕ... и сите по ред. Ние може само да збориме за аурора бореалис. На пример." - се вели во соопштението на ДУИ до нашата редакција.