Демократската унија за интеграција (ДУИ) позната по својата бескомпромисност кога се правдата и правната држава во прашање, денес објави дека ќе ги номинира за врховни судии двајцата напаѓачи на полициската станица во Струга, кои викендов упаднале таму, го испрскале со солзавец сведокот кој сакал да ги пријави и ги нападнале присутните полицајци, кои по одредено време ги уапсиле.
- Потребни ни се вакви луѓе. Луѓе кои на дело демонстрираат дека правдата им е страст и се спремни да направат сѐ за да ја истераат до крај. Само со такви луѓе ќе станеме вистинска правна држава. - изјави претседателот на ДУИ, господинот Али Ахмети.
Тој за крај соопшти дека пред да ја поднесе нивната кандидатура, ДУИ и официјално ќе побара да бидат повлечени сите обвиненија против идните врховни судии и да се покрене обвинение против полицајците кои го спречиле нападот за напад на службено лице и злоупотреба на службената положба.