logo

# Сатира

ДУИ бара нивните контролори за летање веднаш да бидат примени оти имаат искуство како контролори во ЈСП

насловна слика

Расадникот за функционери, директори, шефови и шерифи, ДУИ, на чии членови денес им беше ускратена можноста да станат контролори за летање, најверојатно поради етничка дискриминација, се закани со преземање радикални чекори доколку тие не бидат ЕКСПРЕСНО примени во МНАВ.

 

- Значи сите до еден се наши деца и секој од нив бил контролор у ЈСП со години. Тие можат професори да им бидат на тие Данците што ги оценувале тестовите и ги паднале. Затоа, за да не ја правиме големата, да си се примат одма на работа и да си продолжиме со соживотот. - рекоа од ДУИ.

 

Веднаш по ова реагираа службите на Владата и МНАВ, кои длабоко се извинија за недоразбирањето и побараа 24 часа за да ги завршат документите за вработување и да ги достават до нивните домашни адреси во Зајас.

Коментари

VFH2yMEds0EZoL0sdiPmxV5fY4w0PYEof8uoHgUM

Golemata ?


Остави коментар