Се случува драма пред вратата на домот на Апасиеви! Имено, како што дознава Кооперација, сопругата не го пушта лидерот на Левица да влезе дома бидејќи мисли дека тој е попишувач!
"Не отварам врата! Знам дека си попишувач што сака да влезе во мојот дом! Ако навистина си мојот сопруг.. ајде баш кажи на која партија е?" - се слушаше од внатрешната страна на домот, додека од другата страна на вратата Димитар Апасиев пробуваше да се објасни:
"А бе од Левица сум. Ама овој Заев вика од СДСМ сум. А Мицкоски вика дека сум од ДПМНЕ. А ако сум од СДСМ и ДПМНЕ според нив значи дека сум и со ДУИ. А ако сум со ДУИ значи сум со Груевски. А ако сум со Груевски значи сум со Орбан. А ако сум со Орбан значи сум во ЕУ. А ако сум во ЕУ значи дека сум и со Американците. А ако сум со Американците значи дека сум и со СДСМ. А ако сум со СДСМ значи... а бе ај не ме зафркавај, ја сум, ги заборавив клучевите!"
Се уште не сме сигурни како ќе заврши оваа драма, но ќе останеме тука со вас со најновите случувања.