logo

# Сатира

ДРАМА ПРЕД ФИНАЛЕТО! Италија бара Апасиев да биде во ВАР собата!

насловна слика

Последни драми пред почетокот на финалето на ЕП!

 

Имено, репрезентацијата на Италија, незадоволна од контроверзното судење во 1/2 финалниот дуел меѓу Данска и Англија бара посебно засилување во ВАР собата!

 

Ни помалку, ни повеќе - тие го бараат Апасиев!

 

"Сметаме дека господинот Апасиев е тој што ни треба во ВАР собата. Веруваме дека неговото знаење на законите ќе ни помогне или ако ништо друго барем дека авторитетно ќе влезе во конфликт со некој од останатите судии во ВАР собата што не знаат дека има пратенички имунитет." - се вели во соопштението на Фудбалската Федерација на Нивната земја.

Коментари


Остави коментар