logo

# Сатира

ДПМНЕ со ново мото - "Македонија за сите луѓе... и по некое говедо!"

насловна слика

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ реши да се ребрендира и тоа само неколку недели откако за сличен потег се реши и ДУИ.

 

Партијата од сега ќе се води од мотото "Македонија за сите луѓе... и по некое говедо", а повеќе за нивното ново брендирање може да прочитате подолу:

 

"ДПМНЕ знае дека е време за ребрендирање. Затоа, се стремиме да градиме партија што ќе дојде на власт во Македонија. Македонија која ќе биде на СИТЕ луѓе. И по некое говедо. Пошто реално, во државава има премногу говеда. Дури некој би рекол дека има повеќе говеда од луѓе. 

 

Не сакаме да дискриминираме никого.

Затоа, во нашата партија ќе може да дојде секој човек, а секако, ќе се најде и место за по некое говедо.

Ова се за сите вас што некогаш сте биле наречени "говеда" - НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ВАС! 


Ајде да се обединиме и да продолжиме кон нови победи!

 

Бидејќи и говедата се луѓе!"

Коментари


Остави коментар