ВМРО-ДПМНЕ објави дека планира да започне нов лист во својата партија. Откако тие се ребрендираа и го најавија мотото "Македонија за сите луѓе", од опозициската партија доаѓа и нова кампања која тие ја наракуваат "Амнезија за сите луѓе"
Еве што кажа партијата на прес-конференција за медиумите:
"Планираме да свртиме нов лист во партијата. Една од опциите за ребрендирање беше да се однесуваме подемократско, поразумно и понормално. Да прекинеме со криминал и да поченеме со грижа за граѓаните. Но, мора да сфатиме дека овој процес е спор и тежок. Дури и ако ни успее сево ова, пак ќе има луѓе кои се уште нема да ни го простат минатото, што значи дека целиот спор и тежок процес... би бил за џабе.
Затоа, најлесно и најевтино решение за сите е да ја започнеме кампањата "АМНЕЗИЈА ЗА СИТЕ ЛУЃЕ"
Во склоп на оваа кампања ќе нудиме апчиња за заборавање на сите што ќе бидат дел од нашите протести, а за похрабрите имаме и опција каде што ќе ги удриме со лопата по глава.
Веруваме дека доколу голем дел од државата добие амнезија и заборави какви бевме на власт, а богами и какви бевме и во опозиција сите ќе може да просперираме напред и дека конечно ќе може да победиме на избори.
Ова е вистинското решение за нашата партија и планираме да продолжиме во исто темпо!'