Кој тоа вели дека нема здрава политичка средина во нашата земја?
Откако Зоран Заев овој викенд беше во Софија, веднаш добивме допис од ВМРО-ДПМНЕ во кој се вели:
"Зоран бил во Софија? Онаа од трети? Еееј, и ја сакам да сум во Софија, ама не ми дава она, пар пати ја викнав на кафе, ама ете... А знае жена му дека овој бил у Софија викендов?"
Откако им вративме на мејлот објаснувајќи дека станува збор за главниот град на Бугарија, од ДПМНЕ добивме:
"СЕ РАЗДАДОА!!! СЕ!!! Знам дека беше Задушница пред некој ден, ама срамно е што се даваат на комшиите!!! Па ало бе, како тоа смее СДСМ да преговара за нашиот јазик, херои, име, историја и идентитет???
НИЕ ВЕЛИМЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ОВА ДА СЕ ЗАПРЕ!
Бараме предвремени избори! Избори на кои луѓето треба да гласаат, за потоа ние да може да преговараме за јазик, херои, историја и идентитет со соседите.
Ако некој треба да биде лоша политичка партија тоа сме ние, а не овие од СДСМ!!" - се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ