Добро е! Малку новитети во државава!
Откако народот почна да тагува и да се опушта во својата депресија - партијата ВМРО-ДПМНЕ ветува сонце кое ќе ги разбуди граѓаните од зимскиот сон.
"Граѓаните мислат дека доживеале се. Секаква катастрофа. Секакво очајно владеење. Се што е очајно. Сите мислат дека нема полошо од ова и дека ние ќе бидеме исти како и сите до сега.
НО НЕ!
Ние сме посветени на тоа да откриеме нови начини на разочарување! Сакаме да го уништиме животот на граѓаните на начин каков што не бил виден до сега!
Сакаме да докажеме дека можеме да бидеме и полоши од сите до сега!
МОЖЕМЕ! САКАМЕ! ЌЕ БИДЕ!!!" - изјави еден млад дечко на прес на партијата.