logo

# Сатира

ДПМНЕ обвинува: СДСМ ДА КАЖЕ КОЈ ГО УКРАДЕ ЧАСОТ ОД ВЧЕРА????

насловна слика

Една од најголемите опозициски партии во Македонија, па и пошироко со нови обвинувања за владата на СДСМ!


Тие велат дека СДСМ повторно се дел од голема кражба, и тоа ни помалку ни повеќе туку на времето!

 

"ВМРО-ДПМНЕ има сериозни докази дека од  СДСМ го крадат времето. Имаме црно на бело доказ дека вчера веднаш откако сказалките на часовникот покажаа 02:59 се случи огромна кражба! Имено, наместо следната минута да ни каже дека часот е 03:00, часовникот се смени, и тој ни покажа дека е 02:00. Ова е уште еден доказ дека додека сите спијат, владат на СДСМ краде! Сакаме да ни се објасни кој го украл часот, каде е сега тој час и дали е тој час продаден на човек близок на СДСМ??? Уште колку скандали треба да и трпиме на оваа влада???" - изјави еден млад момак на прес на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Легитимно прашање, се надеваме дека СДСМ ќе одговорат на ова обвинување.

 

 

Коментари


Остави коментар