Една од опозициските партии во нашата земја - ВМРО-ДПМНЕ, најавува одржување на нова парада следниот успех.
Откако минатиот викенд се одржа "Вон ѕидовите: Парада на гордоста" во Скопје, опозициската партија смета дека е вистинско време да организираат нешто слично.
"Генијална идеја. Само пар букви сменивме во името на парадата и сфативме дека може и ние да направиме нешто. Парада на Гордана ќе биде кампања со која ќе се надеваме дека Гордана Јанкуловска ќе излезе вон ѕидовите на затворот." - вели Христијан Мицкоски.
Кога го прашавме која е крајната цел на оваа парада тој кажа:
"А бе цел? Целта не е битна, дали ќе ја ослободат Гордана или не е мање-више... Битно е да се собереме, да прошетаме малце на жешково, да затвориме некоја улица... онака, знаеш, да се дешава нешто."