Кој вели дека ДПМНЕ и СДСМ не може да се сложат (најверојатно не внимава доволно на политичката сцена во последните години, ама отом потом)
Конечно, втората и третата најголема партија во државава дојдоа до заеднички јазик!
Имено, двете партии велат дека Илинденците биле терористи и поради тоа не треба да се слави Илинден!
"Терористи. Се собрале таму и се бунтувале против власта. Наместо да седнат, да најдат заеднички компромис. Некој си Крушевски договор да потпишат каде 364 денови ќе бидат под ропство, а еден ден ќе бидат слободни. Само со дијалог се доаѓа до решение! А не ова.. Илинден... ќе се бореле против тоа да бидат робови... ма ајде, што си мислат тие, ова Граѓанската војна во САД е?? Ма ајде... ова е исто како нападот на 27 Април!!!" - се вели во соопштението на СДСНЗ
Од друга страна пак, во соопштението на ДПМНЕ се вели следното:
"Ма ајде... се бунтуваат против власта... наместо да седат и да пишуваат статуси на фејсбук... исто е ова како шарената револуција, некој прадедо на Сорос ги платил да се бунтуваат! Ти мислиш сами решиле да се бунтуваат против лошата власт на турците??? Ма неее... читав ја онлајн, све тоа странски служби мешале прсти... а бе терористи се овие сите исто ко шарените се... слушај што ти зборам..."