Една од топ 500 партии во светот што го имаат називот "ВМРО" во своето име, на прес-конференција ја претстави својата тактика за добивање на власта во вашата земја.
"Видете. Многу луѓе тврдат дека ова е истата партија што ја зафркна државава десетина години. Но ве уверуваме. Не е се така исто. Оваа екипа има нови, подобри идеи за тоа како да ја зафркне државата. Веруваме дека ако ни дадете шанса ќе ви докажеме дека секогаш може полошо. Знам дека сте песимисти. Го разбирам песимизмот. Ама така викавте и пред неколку години, па ви беше докажано дека може полошо. Затоа, ве молиме, да излеземе на предвремени избори и да ви докажеме дека може и полошо. Ве уверуваме" - искажа еден млад дечко во одело на пресот на ВМРО-ДПМНЕ