Партијата ВМРО-ДПМНЕ се уште не се откажужва од изјавата дека имаат мнозинство во парламентот, ново, јубилејно дванаесетто мнозинство оваа година, со што имаат еден број повеќе мнозинства од бројот на ветени оставки на Зоран Заев во последнава година.
Имено, на прес на партијата се тврди дека бројките се само концепт и дека никој не може со факт да потврди дека тие немаат 161 пратеник!
"Видете. Времето е концепт. Бројките. Начинот на броење. Математиката. Бројките во математиката. Не смеете да бидете ограничени со начинот на броење во 21 век. Треба да имаме нов, прогресивен начин на перцепција, каде што нема време за глупави концепти како живот, време или броеви. Многумина велат дека немаме 61 пратеник. А што ако имаме? Што ако имаме 161 пратеник? Некои пак велат дека до полноќ навечер мора да се обезбеди мнозинство. А што е полноќ? Кој решил кога завршува еден, а кога почнува друг ден? Тоа што за нас е вечер, за Австралија е ден. Тоа што за нас е пладне, за Азија е вечер. Не смееме да се ограничуваме со глупави концепти. Еве, мене ако ме прашате, секој еден од нашите пратеници вреди за двајца. Ама тоа е, вие немате про-ЕУ начин на размислување и затоа сте ограничени со глупави конзервативни начини на перцепција на времето или броевите. Имаме 161 пратеник од вкупно 120 пратеници. И владата ќе падне до крај на денот. А сега како ние го перцепираме времето... можеби е различно од тоа како вие, новинарите го перцепираат времето. Сеедно, се гледаме утре во петнаесет час... хаха, се шегувам. Времето е концепт. Пресот на ВМРО-ДПМНЕ не пристигнува ни предоцна и прерано. Тој пристигнува тогаш кога сака. Како и мнозинството. Збогум." - изјави еден човек што делуваше како да е под дејство на печурки од евтин маркет.