logo

# Сатира

ДОЗНАВАМЕ! Руски хакери го подметнале пожарот кај САДовската амбасада!!!

насловна слика

Вест која што ниту еден друг медиум во државава нема да го пренесе поради тоа што Руското влијание не им дозволува да ја пренесат вистината!

 

Но ние ја дознавме и тука сме да ја пренесеме вистината!

 

Изминатата вечер, после прославата со огномет во близина на Амбасадата на нивната во нашата земја - се случи пожар во близина на Кале!


Злобниците веднаш помислија дека ова е пожар создаден од огнометот за 4 Јули - денот кога САД ја слави својата независност (иако, се уште има луѓе кои веруваат дека 1776 беше "внатрешна работа" и се беше наместено од странски служби), но вистината е сосема поинаква!

 

"Руски хакери, бато. Руски хакери го подметнаа ова. Имаат технологија, кликаат пар пати на компјутер и создаваат пожар од ништо. Местат избори, почнуваат војни, бомбардираат, хаос прават. Се е ова масло на руски хакери кои сакаат да ги нападнат америве демек сјебале нешто. А нема везе батец, Путин има смешано прсти, слушај што ти зборам..." - изјави еден локален експерт за се.

Коментари


Остави коментар