logo

# Сатира

ДОЗНАВАМЕ! Руски хакери ги наместиле билбордите што најавуваа бесплатно здравство!

насловна слика

Конечно! Најголемата мистерија е откриена!

 

Народот со години се прашуваше кој ги ставаше билбордите што најавуваа 500 евра плата, членство во ЕУ за бесплатни здравствени услуги и останати работи кои никој во државава (освен пар твитерџии) ги нема добиено!

 

Сепак, нашата истражувачка екипа го дозна одговорот!!!

 

РУСКИ ХАКЕРИ ГИ МЕСТЕЛЕ БИЛБОРДИТЕ ВО ГРАДОТ!

 

"Руски хакери, бато. Руски хакери ги наместија билбордите низ градот. Имаат технологија, кликаат пар пати на компјутер и создаваат билборди од ништо. Местат избори, почнуваат војни, бомбардираат, хаос прават. Се е ова масло на руски хакери кои сакаат да ја наместат владата на СДСМ. А нема везе батец, Путин има смешано прсти, слушај што ти зборам..." - изјави Стево Пендаровски за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар