logo

# Сатира

ДОЗНАВАМЕ: Јово Вангеловски ќе го суди финалето на ЕП во ракомет

насловна слика

Поранешниот врховен судија, а од скоро пензионер, Јово Вангеловски, е македонскиот судија кого ЕХФ го избра да го суди финалето помеѓу Хрватска и Шпанија на Европското првенство во ракомет што се одржува во Австрија.

Досегашните резултати, искуството, знаењето, а од скоро и слободното време што го има г-нот Превара, биле пресудни тој да биде човекот што ќе ја дели правдата на овој важен настан, а негов заменик, во случај на умор или повреда, ќе биде Владимир Панчевски.

Во чест на овој голем правен ум, ЕХФ направи исклучок и дозволи ова да биде прво финале кое судијата ќе може да го следи од возило покрај аут линијата, каде директно ќе може да ги прегледува спорните моменти на мониторите на седиштата.

Коментари


Остави коментар