logo

# Сатира

ДОМ бара СВР Кавадарци да истражи дали светлото во новиот фрижидер гори кога е затворен

насловна слика

Инспектори и форензичари од СВР Кавадарци, по дописот што го добиле од претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, отвориле истрага за да дознаат дали светлото на новиот фрижидер, кој им го донираше полицискиот синдикат, се гасне кога тој е затворен и со тоа штеди струја.

 

Командирот на полициската станица која го доби фрижидерот, вели дека неговите вработени даваат се’ од себе за да ја решат оваа мистерија, која за многумина од нив е најголемиот предизвик со кој се соочиле во животот.

 

Тој соопшти дека додека трае истрагата СВР Кавадарци ќе ги стави во мирување сите други случаи и апелираше до криминалците да паузираат со своите активности за полицијата да може целосно да се посвети на она што е важно – сијаличката на новиот фрижидер.

Коментари

halSC6eosVFf5MQeOqPhof2MZ1EM0xC2B7FaOWmu

Хахаха, а кај е Путец на свечаноста... хахахха

OPJYyuGGrkdaJUTQ1zcygaACbDZMYQ6niuoIFuWr

го имет ангажирано и монсињор Поаро....ќе излезит министерон со подетаљни информации


Остави коментар