logo

# Сатира

Доколку зимава нема парно: Претплатниците ќе добијат персонализирани ќебиња од БЕГ

насловна слика

Стравот на скопјани дела зимава може да останат без греење откако Балкан Енерџи Груп (БЕГ) соопшти дека нема обврска за испорака на парно, по се' изгледа станува минато благодарение на хуманоста на БЕГ, која реши на свој трошок да им подели персонализирани ќебиња на сите свои корисници.

 

- Секој корисник, без исклучок, ќе добие специјално ќебе, под кое ќе достигнува истата температура како со парно. За нивното производство ќе се користи најлуксузен материјал, но и покрај ова претплатата ќе остане иста како до сега. - велат од БЕГ.

 

Согласно Законот за енергетика, компанијата е должна да ги достави ќебињата најдоцна до крајот на октомври, односно пред официјалниот старт на грејната сезона.

Коментари


Остави коментар