Закана за подметната бомба на автопатот Охрид - Кичево, испратена до Министерството за транспорт и врски утрово, ги стопираше сите градежни работи на автопатот по цела негова должина и резултираше со итна евакуација на сите работници кои во тој момент се нашле на него.
Како што дознаваме, биле евакуирани вкупно 1 (еден) работник, кој не е ни вклучен во изградбата на автопатот, туку се работи за молер од кичевското село Лавчани, кој се движел пешки по недоизградениот автопат за да стигне до своето работно место во соседното село, Извор.
Од Министерството за транспорт и врски рекоа дека ќе продолжат внимателно да ги следат пораките што ги добиваат на меил, но за секој случај, некое време нема да пуштаат работници на автопатот, со цел да ги заштитат од потенцијални напади, но и за да не се трошат средства на нивно евакуирање.