БРАВО! ПРАВДА! КОНЕЧНО И ВО НАШАТА ЗЕМЈА ИЗЛЕЗЕ НЕШТО ДОБРО!
Имено, министерот Венко Филипче ќе остане министер за здравство, откако доцна вечерта беше изгласана нова промена на уставот од страна на владата.
"Види... Венко е член на СДСМ. Ја го сакам како мој брат, заедно си возиме мотори, патуваме, пиеме, се смееме и уживаме во животот. Не сакам да го изгуби своето работно место. Ама, тој веќе ја понуди својата оставка, а јас не сакам да испаднам како некој си неморален владетел што го става своето дружење пред потребите на државата или семејствата на сите што го изгубија животот во Тетово...
Затоа... МИ ТЕКНА! Ќе го смениме уставот. Пак. Исто ко за Северна.
Закони? Морал? Етика? Демократија? Устав? Легалност?
Хахахахаха добра фора брат.
Изгласавме вчера.
Устав на Република Северна Македонија. Двојазичност.
А сега и нова работа изгласавме.
Во уставот си пишува:
"АКО МИНИСТЕР СО ИНИЦИЈАЛИ В.Ф. ПОНУДИ ОСТАВКА, ТАА АВТОМАТСКИ ЌЕ БИДЕ ОДБИЕНА!"
Изгласаа сите од ДПМНЕ, АА, ДУИ и секако нашата партија. Фала богу.
Се е уставно, еве баш глеам пар објективни луѓе го фалат ова на интернет.
Кај ми текињаат вакви генијални работи, а???" - изјави Зоран Заев во интервју за Кооперација.мк