Браво! Вака се шират добри односи меѓу државите!
Денеска, нашата Влада едногласно изгласа Закон за добрососедство според кој Собранието на земјава ќе се премести во Петрич, Бугарија.
"Да, вистина е. Ќе ја преместиме зградата на собранието во Бугарија. Нели, нема буквално да ја преместиме зградата, туку ќе изградиме нова зграда во Петрич." - изјави еден од пратениците.
Според информациите, старата (т.е. моменталната) зграда на собранието ќе биде пренаменета за стриптиз клуб, а целосно се очекува промената да започне од 2026.
"Видете, ние одиме во собрание и гласаме. Што има врска каде се носат одлуките? Одлуките ќе важат за земјава. Не е битно дали преку интернет гласаме за закони, во земјава или во Бугарија. Што ти смета тебе во Бугарија дали ќе биде собранието или не? Имање на собрание во земјава да не ќе ти ги нахрани децата?!?! Ајде, доста бунење. Се ќе биде по старо, ова не менува ништо. Само патните трошоци на пратениците ќе бидат поголеми... а и што ако се поголеми? И ние сме луѓе. Ќе се мачиме, секое утро до Бугарија ќе одиме за вас! Треба благодарни да ни бидете!' - изјави познат неутрален, објективен, политички неопрделен, долгогодишен член на СДСМ.