Овогодинешното издание на Евровизија се уште не е завршено, а Владата на нашата земја веќе успеа да најде натпартиски кандидат на нашата земја за следното издание на најпопуларното европско музичко натпреварување.
"Музиката е над политиката. Уметниците се секогаш во борба за слободата. Затоа и оваа година нашата Влада реши да го одбере кандидатот што е најблизок до нашата партија." - се вели на стартот од соопштението на Владата.
"Можеби Васил оваа година не ги повтори успесите на Тамара, но тоа не значи дека е крај на нашето учество на Евровизија. Баравме збир на натпартиски уметници кои би ја претставувале нашата земја на Евровизија догодина. Во потесен круг беа Бени, Златко Ориѓански, Дац и Распеани Скопјани, но на крај решивме за решение што ќе ги задоволи сите!" - се вели во продолжението на соопштението.
"Зошто да се делиме со Бугарија? Време е да докажеме дека сме сериозни за нашата соработка со оваа членка на ЕУ! Тие се понудија да ни ја позајмат "Женската што ја пееше Кен Ли", а ние ја прифативме понудата! Веруваме дека нејзината светска слава од пред 15 години ќе ни донесе огромен успех на слендата Евровизија. Ние едвај чекаме да го видиме настапот на Госпоѓата Женскаташтојапееше следната година и немаме никаков сомнеж дека ќе ја направи својата, а и нашата земја полна со гордост (без предрасуди)" - се вели на крајот од соопштението.