Конечно после решавањето на последната пречка за влез во ЕУ наречена "знаме" на Македонија и после решевањето на последната пречка за влез во ЕУ наречена "УЧК" и после решавање на последната пречка за влез во ЕУ наречена "Закон за територијална поделба" и после решавањето на последната пречка за влез во ЕУ наречена "СЈО" и после решавањето на последната пречка за влез во ЕУ наречена "името" - КОНЕЧНО НАШАТА РЕПУБЛИКА Е НА ЧЕКОР ОД РЕШАВАЊЕ НА ПОСЛЕДНАТА ПРЕЧКА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ - ХИМНАТА!!!
Наводно, како знак на добрососедство, Зоран Заев планирал да ја смени химната на нашата, а и ваша држава во "Кен ли".
"Кен Ли е супер хит. Сите го знаат текстот. Поради тоа шшто нема никаков посебен текст. Сите ќе пеат! И не само нашеземјестите граѓани туку и жители од остатокот на светот! Ова е одлична идеја што веруваме ќе не доближи со Бугарија!!!" - изјави Зоран Заев.
Го прашавме Бугарскиот премиер за свое мислење, а тој кажа "Шо кур праи овој, буквално никад не сум побарал да мења химна овој бе?!?"
"Јас побарав. Јас." - изјави Али Ахмети.